Изложба на студентите од ФЛУ и Колеџот на кинеска и АSEAN уметност при Универзитетот во Ченгду
- Изложбата е резултат на повеќемесечната соработка меѓу студентите и наставниот кадар од Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Колеџот за кинеска и АSEAN уметност при Универзитетот во Ченгду.
Скопје, 10 октомври 2025 (МИА) - Во Галеријата ФЛУ на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Приказни за замислен дом" („Tales of an Imagined Home").
Изложбата е резултат на повеќемесечната соработка меѓу студентите и наставниот кадар од Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Колеџот за кинеска и АSEAN уметност при Универзитетот во Ченгду.
- Оваа изложба ја обединува мултидисциплинарната група студенти од Скопје (РС Македонија) и Ченгду (Кина), кои потекнуваат од различни студиски подрачја како сликарство, графика, визуелни комуникации и дизајн на продукт. Секој студент, во соработка со партнер од спротивниот универзитет, замислува како би изгледал родниот град на својот партнер за 100 години во иднината. По повеќемесечна соработка на далечина, процесот кулминираше со изработка на дела во различни медиуми – дигитални и традиционални слики и цртежи, текстилни модели, анимации и спекулативни игри, кои ја покануваат публиката да размисли за иднината на заедниците, природата, технологијата и значењето на домот, информираат организаторите. бак/лв/
Фото: ФЛУ