• понеделник, 23 декември 2024

Изложба на скулптури од Маја Танева 

Изложба на скулптури од Маја Танева 
Скопје, 7 октомври 2022 (МИА) - Во Галеријата „КО-РА“ на Зелениот покрив на Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“ (Дом на градежници) во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата на скулптури „Асиметрична Нота Нежност“ од МајаТанева. -Вилински коњчиња се осетливи на промени во животната средина и затоа претставуваат индикатори за состојбата со речните екоситеми - факт врз основа на кој е создадена серијата „Асиметрична Нота Нежност". Вилините, тема која ја рефлектира сензитивноста на нашата внатрешност, уката која ја имаме како можност да ја преземеме од нивниот процес на адаптација како најстар инсект кон сите промени кои ги искусиле. Предаторската сила прикриена во најнежната на изглед камуфлажа, пишува Танева по повод изложбата која ќе биде отворена во 18 часот. Танева е родена во Скопје 1984, а високо образование завршила на софиската Ликовна академија, отсек скулптура, во класата на проф.Мирчев, со професионална доквалификација - професор за ликовна уметност. Магистрирала во 2009 година. По завршувањето на образованието се вратила во Скопје каде почнува едукација на деца и младинци во неформалното и формалното образование. Танева е учесник во многу групни изложби низ земјава и надвор од неа, а имала и над десетина самостојни претставувања. Годинава Танева ја стави Северна Македонија на мапата држави кои беа дел од Светскиот ден на скулптурата преку Интернационалниот Скулптурен центар ISC. мч/са/

Остани поврзан