Изложба на мали автомобилчиња и цртање графити, утре во Куманово
- Колекционери на мали автомобилчиња од Куманово и од цела држава утре во паркот кај комплексот згради К4 и К5, во близина на Економското училиште ќе ги изложат своите модели во периодот од 12 до 18 часот, информираа денеска од Die-Cast Club „Автички бре“.
Куманово, 19 септември 2025 (МИА) - Колекционери на мали автомобилчиња од Куманово и од цела држава утре во паркот кај комплексот згради К4 и К5, во близина на Економското училиште ќе ги изложат своите модели во периодот од 12 до 18 часот, информираа денеска од Die-Cast Club „Автички бре“.
- Во организација на Die-Cast Club „Автички бре“ и локалните граѓани утре во Куманово ќе се одржи настан „И ја собирам автички, бре!“, кој оваа година се одржува по трет пат. Настанот ќе се одржи на 20-ти септември (сабота), со почеток од 12 до 18 часот, во паркот на „Октомвриска револуција“, помеѓу зградите „К4 и К5“. Организатор е Die-Cast Club „Автички бре“, кој подготви богата програма за сите возрасти, изјави Горан Стојанов, од здружението „Форма Куманово“.
На настанот ќе бидат претставени колекционери на минијатурни автомобили – „Hot wheels“ фанови. Гости на настанот ќе бидат „Бушава азбука“ и „Среќно детство“ со креативни детски работилници. За љубителите на уметноста и музиката, ќе бидат задолжени графити артисти од Здружението за ликовна уметност „Форма“ од Куманово, а воедно ќе бидат присутни и Q Rec-со изложба на винили, ДЈ Виктор, Пуца Череп, Никола НБК и 43ѕ.
- Паркот го уредивме самите-локално население, бидејќи има 20-тина згради. Тука сме постојано и е место за дружење, изјави Стојанов.
Настанот е отворен за сите, родители, деца и љубители на автомобилчиња, музика и уметност и како што најавија организаторите, денот ќе биде исполнет со дружење, радост, креативност и позитивна енергија. Паралелно ќе има и забавни игри за најмалите, а настанот ќе биде збоатен со исцртување графити на дел од станбените блокови. ам/
Фото МИА