• сабота, 27 јули 2024

Изложба на карикатури од Ане Василевски во Пехчево

Изложба на карикатури од Ане Василевски во Пехчево

Пехчево, 18 септември 2023 (МИА) - Во Домот на култура „Јане Сандански" во Пехчево отворена е изложба на карикатури од познатиот македонски карикатурист Ане Василевски.

Изложбата се реализира во соработка со Националната установа Центар за култура „Никола Јонков - Вапцаров" од Делчево.

-Им благодариме на гостите Методи Толевски, програмски директор на Центарот за култура ,,Никола Јонков Вапцаров" од Делчево  за соработката со домот на културата, како и Миле Ѓорѓијоски кој успеа да ги донесе дел од најпознатите карикатури на Ане Василевски. Благодарност до верната публика која знае да цени, и да биде редовен подржувач на секој настан организиран од страна на домот на културата во Пехчево, истакна директорката на Домот на култура „Јане Сандански" - Пехчево, Валентина Веселинска.

Сатиричарот Миле Ѓорѓијоски информира дека изложбата нема да биде изложена само во Делчево и Пехчево, туку истата ќе можат да ја видат љубителите на уметноста од повеќе градови во Источна Македонија.

Ане Василевски, кој почина во 2004 година, во текот на своето долгогодишно творештво, објавувал карикатури во познати светски списанија, учествувал на повеќе меѓународни изложби на карикатурата. Основач е и прв претседател на Здружението на карикатуристите на Македонија. Добитник е на награди и високи признанија во земјава и во странство.вс/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан