• недела, 01 септември 2024

Изложба на карикатури од Ане Василевски во Македонска Каменица

Изложба на карикатури од Ане Василевски во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 7 октомври 2023 (МИА) - Во Македонска Каменица отворена изложба на карикатури од Ане Василевски. Организатор на изложабата е Културно-информативниот центар „Романса“ од Македонска Каменица, а се реализира во соработка со Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров" од Делчево.

Ликовната изложба ја отвори директорот на КИЦ „Романса", Ванчо Велиновски, а на отворањето учествуваа програмскиот раководител во НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево, Методија Толевски и еден од најпознатите карикатуристи и сатиричари во земјава и пошироко, Миле Ѓорѓијоски.

Ликовните дела граѓаните и љубителите на уметноста од Македонска Каменица и поширокиот регион ќе можат да ги видат во наредните неколку дена од месец октомври.

Изложбата на карикатури од Ане Василевски беше составен дел на неодамна одржаниот Фестивал на хумор и сатира „Пијанец 2023“, а досега беше поставена и во Општина Пехчево. вс/вг/


Фото: МИА

Остани поврзан