Изложба „Мојот имагинарен свет“ во НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово
- Учениците од речиси сите основни и средни училишта од Куманово кои учествуваа на ликовниот конкурс „Мојот имагинарен свет“, денеска ги добија наградите и благодарниците во НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово.
Куманово, 5 мај 2023 (МИА) - Учениците од речиси сите основни и средни училишта од Куманово кои учествуваа на ликовниот конкурс „Мојот имагинарен свет“, денеска ги добија наградите и благодарниците во НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово.
Целта, како што појаснуваат организаторите од кумановскиот Центар за култура, е да се поттикнат младите да цртаат, креативно да се изразат.
- Бевме изненадени од одзивот преку 150 ученика се пријавија, многу цртежи. Денеска направивме изложба на која присуствуваа голем број на ученици и нвните ментори при што ги избравме најдобрите. Очекуваме оваа изложба да прерасне и во традиционална изложба во Куманово, да се одржува секогаш на почетокот на мај и ќе ја аплицираме изложбата во Годишната програма за министерството за култура која ќе ја аплицираме во 2024 година, изјави директорот на установата, Сашо Тодоровски.
Главната цел, истакна Тодоровски, е да се мотивираат учениците во нивните напори за креативно ликовно изразување и валоризација во нивните креативни идеи. За таа цел Центарот за култура предвиде три награди за основните и исто толку за средните училишта како и благодарници за нивните ментори – професори по ликовно воспитување. ам/цр
Фото: НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово