Изложба и предавање на тема „Современ македонски роман“ во Москва по повод чествувањето на сесловенските просветители
- По повод 24 Мај - Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, руската преведувачка и афирматорка на македонската култура Олга Панкина од денеска до крајот на месецов ќе организир
Скопје, 15 мај 2022 (МИА) - По повод 24 Мај - Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, руската преведувачка и афирматорка на македонската култура Олга Панкина од денеска до крајот на месецов ќе организира серија литературни настани во Москва.
Одбележувањето на големиот празник посветен на Солунските браќа, започнува денеска во библиотеката „Алексеj Толстоj“ во 16 часот каде Панкина ќе одржи предавање на тема „Современ македонски роман“, а ќе биде отворена и книжната изложба „20 македонски романи на руски“.
- Над 300 милиони луѓе во светот зборуваат и пишуваат на словенските јазици. Токму словенскиот збор им дава живот и чувства на словенската душа, на словенските обичаи и начинот на живеење. Писмото што го користиме почна да се шири токму од македонската земjа, благодарение на значајната мисиjа на Солунските браќа. Денес е многу важно дијалогот меѓу народите да се одвива на ниво на културите, на основа што ја содржат во себе како традициите и историјата, така и литературните и уметничките дела, порачува Панкина.
Во рамки на прогрмата, на 18 мај во Московскиот дом на националностите во 17 часот предвидено е да се одржи тркалезна маса „Литература на словенските народи: историjа, традиции, современост“ на која Панкина ќе говори за македонската книжевност.
Во Библиотеката за странска литература на 28 маj во 12 часот ќе се одржи литературна средба „Сто словенски романи“ во рамки на која Панкина ќе ги претстави македонски романи застапени во едициjата: „Вежби за Ибн Паjко“ на Оливера Николова, „Азбука за непослушните“ на Венко Андоновски, „Разговор со Спиноза“ на Гоце Смилевски, „Дива лига“ на Влада Урошевиќ, „Недела“ на Ермис Лафазановски, кои се преведените на руски јазик.
Истиот ден, ќе има јавни читања по повод 130-годишнината на Марина Цветаева, а песни во препев на македонски јазик ќе рецитира Олга Панкина. Во рамките на проектот на Панкина насловен „Читаj jа Македониjа!“ ќе се одржи литературна вечер „Нови имиња. Литература на младите“.
Активностите во чест на Светите рамноапостоли Кирил и Методиј ќе финишираат на 29 маj во московската библиотека „Пабло Неруда“ во 17 часот со промоција на книгата „Господарот на перото. Поезиjа“ на Радован Павловски. Книгата ќе jа промовираат Панкина, која е инициjатор на проектот, составувач и преведувач и Александар Белугин, илустратор на книгата. вг/сп/