• четврток, 27 јуни 2024

Издаден налог за чистење на таложникот во млекарницата што испушта течност во Брегалница кај Делчево

Издаден налог за чистење на таложникот во млекарницата што испушта течност во Брегалница кај Делчево
Делчево, 9 јануари 2020 (МИА) - Општинскиот инспектор денеска изврши увид во врска со вчерашното испуштање бела течност во водите на река Брегалница и издаде налог со кој на производствениот капацитет - Млекарница ѝ се наложува да го исчисти сопствениот таложник веднаш. -На ден 9 јануари 2020 година (денеска) извршен е вонреден инспекциски надзор при што е наложено таложникот да биде исчистен, притоа е побарано за случајот да биде ангажирана стручна фирма, која ќе го исчисти таложникот веднаш. Освен тоа, на одговорните во Млекара Млечна индустрија Скопје со седиште во Делчево им е укажано дека таложникот треба да се чисти најдоцна по три месеци повторно, истакнаа од општинскиот инспекторатот за животна средина во Делчево. Како што додаваат од инспекторатот за Животна средина во Делчево чистење на таложникот во млекарата е побарано и пред три месеци. -Пред околу три месеци од млекарата беа задолжени да го исчистат таложникот и тие тоа го направија. Но поради водата која периодично се додава според наши констатации дошло до прелевање и повторно е забележана слична состојба, велат од инспекторатот за животна средина во Делчево. Надлежните дополнија дека Млекара Млечна индустрија Скопје, која има свој капацитет во Делчево, согласно законот за заштита на животната средина и уредбата за дејности и активности со која се бави и занимава, има изготвено елаборат за заштита на животната средина и располага со два таложника за испуштање на одводните води. Сепак, во одредени периоди се констатирани неправилности на кои како тело надлежно за животна средина веднаш се укажува на пропустите во работењето. вс/ир

Остани поврзан