Изградбата на четвртиот кружен тек ќе го намали сообраќајниот метеж во Куманово
- Изградбата на дел од булеварот „Октомвриска револуција“ со улиците „Доне Божинов“ и „Братство и единство“ ќе го намали сообраќајниот метеж во Куманово. Како што информираше на последната прес-конференција кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски проектот чини скоро 27 милиони денари со вклучен данок на додаде вредност.
Куманово, 15 јули 2025 (МИА) - Изградбата на дел од булеварот „Октомвриска револуција“ со улиците „Доне Божинов“ и „Братство и единство“ ќе го намали сообраќајниот метеж во Куманово. Како што информираше на последната прес-конференција кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски проектот чини скоро 27 милиони денари со вклучен данок на додаде вредност.
- Се очекува да се надминат одредени имотно-правни спорови. Таму подигнавме одреден број времени објект, некои самите сопственици, тече и решавањето на проблемот и со два објекти, најдовме решение. Изведувачот ќе може непречено да работи, изјави на последната прес-конференција, градоначалникот Максим Димитриевски.
Во рамки на проектот, општината се соочила со одредени препреки кои се однесувале на експропријација, отстранување на склонопадни дрвја.
- Се очекува да се надмине таа фаза. Првин ќе се пробива трасата на „Октомвриска револуција“, после метежот по 15-ти август ќе се работи на изградбата на четвртиот кружен тек, изјави Димитриевски.
Проектот опфаќа реконструкција на дел од улиците кои гравитираат на тоа подрачје, современо осветлување, асфалтирање. Претходно општината во неколку наврати одвои средства за експропријација на земјиштето.
Ова ќе биде четврт кружен тек во Куманово по трите изградени на булеварот на „Октомвриска револуција“, на влезот од Куманово, кај Серава и кај „Митев мост“. ам/
Фото: МИА архива