• четврток, 26 март 2026

Изготвена техничка документација за изградба на фекална канализација за дел од Миладиновци, во општина Илинден

Изготвена техничка документација за изградба на фекална канализација за дел од Миладиновци, во општина Илинден

14 јули 2025

Во рамки на Проектот за изградба на фекална канализација во општина Илинден се продолжи со активностите за изготвување на проектна документација за делови од населените места кои не беа опфатени со техничка документација за изградба на фекална канализација. За таа цел денес се изврши јавна презентација на техничката документација за изградба на фекална канализација за дел од н. м. Миладиновци, во Домот на култура во Миладиновци.

Презентацијата пред граѓаните од населено место Миладиновци беше извршена од страна на овластени проектанти, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, претставници од општинската администрација и ЈКП ,,Водовод”- Илинден. Граѓаните беа детално запознаени за техничките карактеристики, начинот на поврзување и изведба на фекалната канализација за дел од н.м. Миладиновци каде нема фекална канализација.

Градоначалникот Георгиевски лично пред граѓаните ја објасни проектираната примарна мрежа на фекална канализација и посочи дека со овој проект е опфатено комплетна изградба на фекална канализација со приклучок до секое домаќинство, односно граѓаните ќе бидат поврзани со мрежа до своите домови. Тој посочи дека се работи за мрежа во должина од 4500 метри, распределена на три краци и еден препумпен уред со која ќе се опфатат повеќе од 500 домаќинства.

Со техничкото решение е предвидено оваа фекална канализација да се поврзе со веќе изградените два препумпни уреди и отпадните води од н.м. Миладиновци да се поврзат со веќе постоечката пречистителна станица која се наоѓа надвор од н.м. Миладиновци и истата треба да се доопреми во наредниот период. Со изготвувањето на документацијата се создадени услови за издавање на одобрение на градба и потоа негова имплементација на терен.

Со овој проект целосно ќе бидат опфатени домаќинствата од н.м. Миладиновци и ќе се унапреди квалитетот на животната средина како и подобрување на условите за живот на граѓаните.

Општина Илинден

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан