• сабота, 06 декември 2025

Изгоре комбе во поранешниот дрвен комбинат во Кавадарци 

Изгоре комбе во поранешниот дрвен комбинат во Кавадарци 

Кавадарци, 3 мај 2025 (МИА) - Изгоре комбе во поранешниот дрвен комбинат во Кавадарци. Оваа информација попладнево за МИА ја потврдија од кавадаречката Територијална противпожарна единица.

- Се работи за запалено возило во кругот на поранешниот дрвен комбинат, сега комплекс на повеќе компании. Веднаш по дојавата за пожар, интервениравме на местото со две противпожарни возила и петмина пожарникари. Спречивме огнот да се прошири на околни возила и објекти, појаснија од Противпожарната служба.

Оттаму додадоа дека засега не се знаат точните причини за настанувањето на пожарот. Се утврдуваат причините и висината на материјалната штета. свд/мд/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан