Изгоре автомобил во селото Старо Владевци, кај Струмица
- Синоќа околу 2 часот по полноќ изгоре автомобил марка „мерцедес“ во селото Старо Владевци, кај Струмица, информираа од ТППЕ Струмица.

Струмица, 7 март 2025 (МИА) - Синоќа околу 2 часот по полноќ изгоре автомобил марка „мерцедес“ во селото Старо Владевци, кај Струмица, информираа од ТППЕ Струмица.
Според информацијата, запалениот автомобил го гаснеле четири пожарникари и едно противпожарно возило.
-Во моментот на пристигнувањето пожарот беше во разгорена фаза. За кратко време е локализиран и ликвидиран, се наведува во информацијата од ТППЕ Струмица.
Се додава дека е причинета значителна материјална штета, а причините за пожарот ќе се испитуваат. рт/сст/
Фото: ТППЕ Струмица