Зголемен прометот од продажба на услуги
- Податоците на ДЗС покажуваат дека во 2025 година во однос на 2024 година прометот од продажбата на услугите е зголемен за 0,6 проценти. Во секторот Административни и помошни услужни дејности годишното зголемување изнесува 4,8 проценти по што следуваат Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 3,8 проценти, Стручни, научни и технички дејности - 2,5 процента и Дејности во врска со недвижен имот - 1,7 процент. Намалување од 1,5 процент има во Информации и комуникации, кај Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли од 1,3 процент и од 0,4 проценти во Транспорт и складирање.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.