• сабота, 28 септември 2024

Изгласан проектот за систем за водоснабдување во Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци

Изгласан проектот за систем за водоснабдување во Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци
Скопје, 31 август 2022 (МИА) -  Советот на Град Скопје денеска на предлог на градоначалничката Данела Арсовска, донесе одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Општина Сарај за финансиско учество за изработка на урбанистичко планска документација за подобрување на водоснабдувањето во селата Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци во општината Сарај. Решавањето на деценискиот проблем со водоснабдувањето во населените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци, соопштија од Град Скопје, е меѓу приоритетните проекти што ги најавила градоначалничката Арсовска на прес-конференцијата одржана пред една недела, а на кои во наредниот период ќе се посвети Градот Скопје. - Сегашната состојба на системот за водоснабдување на селата Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци не ги задоволува основните потреби на жителите на овие населени места за снабдување со вода за пиење. Ова е горлив проблем со кој локалните жители секојдневно се соочени и затоа заедно во соработка со Општина Сарај, пристапуваме кон решавање на овој децениски предизвик. Со цел да се надмине сегашната состојба и да се овозможат поквалитетни услови за живеење, Град Скопје и Општина Сарај пристапуваат кон изработка на урбанистичко планска документација за подобрување на водоснабдувањето, според која се планира да се отпочне со изградба на нов систем за водоснабдување, објаснила градоначалничката Арсовска. цр/

Остани поврзан