• сабота, 18 мај 2024

Изгаснат пожар што избувнал попладнево близу Свети Николе

Изгаснат пожар што избувнал попладнево близу Свети Николе

Скопје, 7 август 2023 (МИА) - Целосно е изгаснат пожарот што избувна доцна попладнево во близина на Свети Николе, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарот се проширил помеѓу селото Кадрифаково и бензинската пумпа „Мики Петрол“, во правец на ветерниците спроти фабриката „Агриа“, на ридови со висока трева и нискостеблеста шума.

Во гаснењето беа ангажирани пожарникарите од ТППЕ Свети Николе со подршка од ТППЕ Велес, противпожарното друштво од Свети Николе и екипа на ЈП „Национални шуми“. мч/дма/

 

Фото: ЦУК

 

Остани поврзан