Изгаснат пожар на покрив на погон во Струмица
- Утрово околу 08:00 часот струмичките пожарникари за десетина минути изгаснаа пожар на покривна конструкција од погон за производство на мебел во поранешната фабрика „Треска“. Во пожарот нема

Струмица, 3 март 2022 (МИА) - Утрово околу 08:00 часот струмичките пожарникари за десетина минути изгаснаа пожар на покривна конструкција од погон за производство на мебел во поранешната фабрика „Треска“. Во пожарот нема повредено, но е причинета материјална штета.
Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, со навремената и брза интервенција спречено е ширење на пожарот кој се заканувал да го зафати целиот објект.
Во гаснењето учествувале пет пожарникари и едно против пожарно возило, а причините за пожарот дополнително ќе се истражуваат. рт/цр