• сабота, 06 декември 2025

Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија

Изгаснат пожарот кај делчевско  Стар Истевник, на границата со Бугарија

Делчево, 18 јули 2025 (МИА) – Во близина на селото Стар Истевник, на македонско-бугарската граница, денеска целосно е локализиран и изгаснат шумскиот пожар кој избувна по удар од гром, информираат пожарникари од ТППЕ Делчево.

Во гаснењето на пожарот  првпат заеднички учествуваа екипи од двете страни на границата – припадници на Територијалната противпожарна единица од Делчево, вработени од „Национални шуми“ – Подружница Голак, припадници на Граничната полиција, како и служби за гаснење од Бугарија.

- Пожарот се прошири по тешко пристапен терен. Со координирана акција и одлична соработка со екипите од Бугарија, истиот е ставен под контрола, изјавија од ТППЕ Делчево.

Од терен информираат дека навремената интервенција спречила понатамошно ширење на огнот и поголема штета врз шумскиот фонд.

Локалните власти ја оценија акцијата како пример за добрососедска соработка и повикаа на зголемена претпазливост во периодот на високи температури и грмежи. вс/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан