• четврток, 14 ноември 2024

Извршниот директор на РАИ поднесе оставка поради притисоци од власта

Извршниот директор на РАИ поднесе оставка поради притисоци од власта

Рим, 8 мај 2023 (МИА) – Извршниот директор на Италијанската радио-телевизија (РАИ) денеска поднесе оставка, а оставки најавија и двајца директори на операта поради притисоци од десничарската Влада на Џорџа Мелони на тие места да постави свои луѓе.

Чело Фуортес денеска соопшти дека ја напушта функцијата извршен директор на РАИ, а како причина го наведе притисокот врз него од страна на властите.

- Повеќе нема услови да продолжам да ја работам мојата работа, изјави Фуортес.

Во писмото до Министерството за економија и финансии, од кое зависи функционирањето на јавниот сервис, Фуортес објаснува дека одбива да спроведе уредувачки и програмски промени за кои смета дека „не се во интерес на РАИ“.

Фуортес, кој беше назначен на чело на РАИ од владата на Марио Драги, истакнува дека „од почетокот на 2023 година има политички конфликт кој се однесува на неговата позиција и него лично и што ја ослабна РАИ“.

Фуортес пред да ја преземе функцијата во РАИ раководеше со театарот и операта во Рим и требаше да ја преземе операта во Неапол по доделувањето на златната плакета.

Меѓу другото, Министерскиот совет минатиот четврток донесе одлука со која на сите директори на театри над 70 години им се наложува да си заминат од функцијата најдоцна до 10 јуни. Во таква ситуација е актуелниот директор на операта во Неапол, Французинот Стефан Лиснер.

Поради таа одлука, Доминик Мајер, шеф на миланската Ла Скала, ќе може да ги извршува своите должности до 2025 година.

Лидерот на една од левичарските партии, Никола Фратојани оцени дека власта сака да ја преземе контролата врз јавниот аудиовизуелен сектор. ми/

фото: Википедија

Остани поврзан