• среда, 26 јуни 2024

Извидниците од First Scout Unit of Skopje го посетија јавното претпријатие „Лајка“

Извидниците од First Scout Unit of Skopje го посетија јавното претпријатие „Лајка“

Скопје, 12 февруари 2024

Oваа сабота на отворениот ден во ЈП Лајка нѐ посетија извидниците од First Scout Unit of Skopje за да се запознаат со нашата  работа и кучињата за кои во моментов се грижиме во нашето прифатилиште.

First Scout Unit of Skopje традиционално Светскиот ден на извидниците 22 Февруари, го одбележуваат со хуманитарна акција и годинава одлучија таа да ја посветат на кученцата од ЈП Лајка. Извидниците по повод овој настан донираа играчки, реквизити и храна. Нашите драги гости имаа прилика да се запознаат со работата на претпријатието и со нашите кученца, со кои поминаа неколкучасовна дружба во игра. Им благодариме за посетата и за подароците и ги очекуваме повторно!

Преку отворените денови ЈП Лајка сака да им даде поголема можност на граѓаните за посета, со цел да одберат миленик и да вдомат наместо да купат. Затоа што најдобрата раса на куче е - спасено куче! Преку ваквите настани ЈП Лајка врши поттик на граѓаните да придонесат во градење на јавната свест за поемпатично и поодговорно општество и хуман однос спрема бездомните кучиња. 

Фото: ЈП Лајка

ЈП Лајка

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан