Извештај: Неуспесите на експертите доведоа до голем број смртни случаи од ковид во Велика Британија
- Велика Британија направи грешки за време на пандемијата „Ковид-19“ поради лошо планирање и неуспеси од министри и научни експерти, што доведе до повеќе од 230.000 смртни случаи до декември 2023 година, се вели во извештајот објавен денеска.
Лондон, 18 јули 2024 (МИА) - Велика Британија направи грешки за време на пандемијата „Ковид-19“ поради лошо планирање и неуспеси од министри и научни експерти, што доведе до повеќе од 230.000 смртни случаи до декември 2023 година, се вели во извештајот објавен денеска.
Поранешниот премиер Борис Џонсон нареди истрага во мај 2021 година, а првиот извештај, кој ја испитуваше подготвеноста на нацијата за избувнување, укажа на неуспеси.
-Доколку Велика Британија беше подобро подготвена и поотпорна на пандемијата, смртните случаи и трошоците можеше да се избегнат, се вели во извештајот на претседавачот на истрагата, поранешната судијка Хедер Халет. мс/
фото: МИА архива