• четврток, 26 март 2026

Извештај: Европските доселеници во Австралија извршија геноцид врз Абориџините 

Извештај: Европските доселеници во Австралија извршија геноцид врз Абориџините 

Канбера, 2 јули 2025 (МИА) – Во извештајот на Истражната комисија во австралиската југозападна држава Викторија се наведува дека европските доселеници извршиле геноцид врз домородното население, Абориџините, и се повикува Владата да спроведе мерки за репарација.

- Абориџините биле жртви на масакри, децата биле одземени од нивните семејства и нивната култура била нападната со цел да се асимилираат. Ова е геноцид, се наведува во извештајот по четиригодишната истрага.

Истражната комисија препорачува Абориџините финансиски да бидат обештетени и да им се врати земјата на претците.

Премиерката на Викторија, Јасинта Алан ѝ се заблагодари на Комисијата, истакнувајќи оти Владата „внимателно ќе ги разгледа“ нејзините препораки. 

- Наодите ги истакнуваат тешко сварливите вистини и ги поставуваат темелите за подобра иднина за сите жители на државата Викторија, посочи Алан.

Европските доселеници во 1788 година пристигнуваат во Австралија, каде живеат околу еден милио Абориџини, а денес се 3,8 отсто од 26-милионското население. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан