• петок, 22 ноември 2024

Изведба на градежни активности на мостот „Обединети Нации“

Изведба на градежни активности на мостот „Обединети Нации“

Скопје, 30 август 2023 ( МИА) -  Поради санација тротоарот на мостот „Обединети Нации“ во насока од Влае кон Карпош денеска ќе биде затворен за движење за пешаци, информираат од ЈП Улици и патишта -  Скопје.

Како што посочуваат, на тротоарот се изведуваат градежни активности за санација, за што е поставена и соодветна сообраќајна сигнализација, а тротоарот ќе биде затворен за движење за пешаците до завршување на градежните активности.

ЈП Улици и патишта - Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот. љм/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан