• сабота, 23 ноември 2024

Избран нов претседател на Советот на амбасадори

Избран нов претседател на Советот на амбасадори
Скопје, 17 април 2021 (МИА) - За нов претседател на Советот на амбасадори денеска е избран Мухамед Халили, а за потпретседатели Елеонора Петрова и Александра Наќева-Ружин. Од Советот на амбасадори попладнево соопштија дека во Извршниот одбор влегуваат и амбасадорите Љупчо Арсовски, Ѓорѓи Филипов, Азис Положани, Тихомир Илиевски, Ѓорѓи Спасов и Зоран Јолевски. Новиот претседател е избран на денешното Годишно собрание одржано онлајн на кое бил усвоен и извештајот за двегодишната работа на оваа организација со која досега раководеше амбасадорот Љупчо Арсовски. - Едногласна оценка на амбасадорите е дека со голема поддршка на македонските медиуми, Советот на амбасадори, за релативно кус период се промовира во јавноста со објективност, јасни гледишта и ставови низ принципиелен пристап за да да информира непосредно во еден простор кој досега не беше соодветно и на ваков начин презентиран, се вели во соопштението. бак/мс/

Остани поврзан