• понеделник, 20 мај 2024

Избрани нови 18 обвинители во 12 обвинителства низ земјава и еден Основен јавен обвинител во ОЈО Штип

Избрани нови 18 обвинители во 12 обвинителства низ земјава и еден Основен јавен обвинител во ОЈО Штип

Скопје, 23 мај 2023 (МИА) - Совет на јавни обвинители денеска ја одржа 80-тата седница на која, беа избрани 18 јавни обвинители во 12 јавни обвинителства низ земјава и еден Основен јавен обвинител во ОЈО Штип. 

За Основен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Штип беше избрана единствената пријавена кандидатка, односно досегашна вршителка на должност, Татјана Кацарова.

Совет на јавни обвинители избра вкупно 18 јавни обвинители кои ќе стапат на функција од следниот месец и тоа во:  

ОЈО Битола -  Борче Коруновски и Марија Чурлиновска, ОЈО Велес - Александра Станковска, ОЈО Гостивар - Илир Јакупи, Барлет Џафери и Александра Димоска, ОЈО Дебар - Анита Граждани Пачуку, ОЈО Делчево - Сузана Бошнаковска, ОЈО Кичево - Албулена Абази и Емрах Михтароски, ОЈО Куманово - Самир Акифи, ОЈО Охрид - Кристина Илиеска Атанасова, ОЈО Прилеп - Стевчо Биновски, ОЈО Свети Николе - Дарко Цветановски, ОЈО Струга - Ермира Муса-Нура и ОЈО Тетово - Илир Абдурахмани, Нина Димитриеска и  Јетмир Беџети.

На денешната седница, меѓу другото, беа усвоени записниците од 78 и 79 седница на Советот.

Под точка разно, Советот дискутираше за дефицитот на обвинители во останатите обвинителства и потенцијалните решенија за истиот. ар/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан