• вторник, 23 јули 2024

ИЗБОРИ 2024/Левица: Официјално отворен претседателскиот изборен штаб на Билјана Ванковска

ИЗБОРИ 2024/Левица: Официјално отворен претседателскиот изборен штаб на Билјана Ванковска

Скопје, 24 февруари 2024

Вечерва, во одлична атмосфера, во присуство на претседателот на Левица проф. д-р Димитар Апасиев, кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Билјана Ванковска и голем број членови и симпатизери официјално беше отворен претседателкиот изборен штаб.

Исто така, денес и официјално започна рокот за собирање на потписи за кандидатура на проф. д-р Билјана Ванковска, кој ќе трае до 8 Март (Петок).

Поддршката за кандидатурата на проф. д-р Билјана Ванковска претставува почеток на борбата која ја започнавме. Борба со која што конечно ќе ја вратиме Македонија во рацете на народот.

Потпис за кандидатурата на проф. д-р Билјана Ванковска може да дадете секој ден од 08:00 до 20:00 часот во вашата општина во подрачните канцеларии на ДИК најдоцна до 8 Март.

Левица

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан