• четврток, 21 ноември 2024

Изборен молк во Црна Гора во пресрет на утрешните претседателски избори

Изборен молк во Црна Гора во пресрет на утрешните претседателски избори

Подгорица, 18 март 2023 (МИА) - Во пресрет на утрешните избори за претседател на Црна Гора, на кои ќе учествуваат седум кандидати, од полноќ е на сила изборен молк. 

На изборите ќе учествуваат кандидатите на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ, Демократскиот фронт (ДФ) Андрија Мандиќ, демократот Алекса Бечиќ, Движењето Европа сега (ПЕС) Јаков Милатовиќ, лидерот на Обединета Црна Гора (УЦГ) Горан Даниловиќ, пратеничката на Социјалдемократската партијата Драгиња Вуксановиќ Станковиќ (СДП) и инфлуенсерот Јован Радуловиќ.

Право на глас на претседателските избори имаат 542.154 граѓани. Избирачките места ќе бидат отворени од 7 до 20 часот.

Претседателските избори на 19 март ќе бидат четврти од независноста и осми од воведувањето на повеќепартискиот систем.

Доколку граѓаните не изберат претседател в недела, вториот круг ќе се одржи на 2 април. 

Претседателот се избира на пет години. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан