• понеделник, 08 декември 2025

ИДФ: Црвениот крст го прими телото на уште еден заложник од Газа

ИДФ: Црвениот крст го прими телото на уште еден заложник од Газа

Ерусалим, 25 ноември 2025 (МИА) - Израелската војска денеска објави дека Црвениот крст го презел телото на еден заложник од Газа.

„Според информациите што ни ги достави Црвениот крст, ковчегот со телото на заложникот им е предаден и е на пат кон (израелските) војници во Појасот Газа“, соопшти израелската војска во кратко соопштение.

Според условите на договорот за прекин на огнот што стапи на сила на 10 октомври, и по повеќе од две години војна во Газа, палестински Хамас мора да ги врати телата на уште тројца заложници киднапирани на 7 октомври 2023 година - двајца Израелци и еден Тајланѓанец.

Враќањето на телата на заложниците е бавно бидејќи Хамас вели дека има тешкотии да ги пронајде телата во опустошената Газа.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан