• вторник, 01 октомври 2024

ИДФ: Хезболах ги користи цивилите како жив штит

ИДФ: Хезболах ги користи цивилите како жив штит

Тел Авив, 1 октомври 2024 (МИА) – Израелската армија (ИДФ) издаде предупредување до жителите на јужен Либан поради „тешките борби“ во регионот.

Итно предупредување до жителите на јужен Либан. Во јужен Либан има тешки борби. Армијата ги повикува жителите да не ги преместуваат своите возила од северната во јужната област на реката Литани, објави ИДФ на Икс.

Портпаролот на ИДФ, Авичај Адраи истакна дека Хезболах ја користи „цивилната околина и населението како жив штит“ за да изврши напади врз израелските сили. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан