• петок, 05 декември 2025

ИДФ убија четворица оперативци на Хамас откако излегле од тунел во Газа

ИДФ убија четворица оперативци на Хамас откако излегле од тунел во Газа

Тел Авив, 30 ноември 2025 (МИА) - Израелските одбранбени сили (ИДФ) убија четворица оперативци на Хамас денес откако излегоа од тунел на југот од Појасот Газа, објави армијата.

Оперативците биле забележани како излегуваат од тунел во источниот дел на Рафа, област контролирана од ИДФ, каде што се верува дека десетици борци на Хамас се заробени под земја, објави „Тајмс оф Израел“.

Според армијата, четворицата оперативци биле убиени во напад на израелските војници и воздухопловните сили.

ИДФ работи на утврдување на нивниот идентитет, а претставници на одбраната се сомневаат дека меѓу убиените членови на ќелијата се командантот на батаљонот на Хамас за Источна Рафа и неговиот заменик, објави „Тајмс оф Израел“.сд/

фото;МИА архива

Остани поврзан