ИДФ: Лансирани две ракети од Јемен, сирени за предупредување во Ерусалим
- ИДФ соопшти дека од Јемен биле лансирани две ракети, а во Ерусалим околу 18:16 часот, по локално време, се слушнати сирени за воздушен напад

Ерусалим, 13 април 2025 (МИА) - Израелската армија денеска соопшти дека се обидела да пресретне ракети лансирани од Јемен, заради кои во неколку области од Израел се активирани сирени за предупредување од воздушен напад.
Британските медиуми пренесуваат дека засега не нејасно дали пресретнувањата биле успешни или не.
ИДФ соопшти дека од Јемен биле лансирани две ракети, а во Ерусалим околу 18:16 часот, по локално време, се слушнати сирени за воздушен напад.сд/
фото:МИА архива