ИДФ: Градот Газа е опасна воена зона
- Градот Газа се смета за опасна воена зона и со останување во реонот се изложувате на ризик, објави на арапски јазик на Икс портпаролот на ИДФ, Авихај Адрае
Ерусалим, 16 септември 2025 (МИА) – Израелската армија денеска почна операција за уништување на инфраструктурата во градот Газа.
- Градот Газа се смета за опасна воена зона и со останување во реонот се изложувате на ризик, објави на арапски јазик на Икс портпаролот на ИДФ, Авихај Адрае.
Палестинските медиуми објавија дека израелската војска утрово детонирала неколку оклопни транспортери на далечинско управување натоварени со експлозив во населбите Тел ал-Хава и Римал во градот Газа.
Веста ја објавија и израелските медиуми.
ИДФ сили претходно објавија дека ги пренамениле деактивираните транспортни возила М113м со тоа што ги натовариле со експлозиви и ги опремиле со можност за далечинско управување, со цел да ги насочат кон области со инфраструктура на Хамас без да ги загрозат животите на војниците. ми/
фото: ЕПА