ИДФ апси членови на ултраортодоксната еврејска заедница поради избегнување регрутација
- Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа 1.126 наредби за апсење на членови на ултраортодоксната еврејска заедница кои не се појавиле во регрутациските центри, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Тел Авив, 19 ноември 2024 (МИА) - Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа 1.126 наредби за апсење на членови на ултраортодоксната еврејска заедница кои не се појавиле во регрутациските центри, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Бригадниот генерал на ИДФ, Шаи Таиб, изјави дека приведените ќе добијат повик за итна регрутација, а секој што нема да се појави ќе биде прогласен за бегалец.
Последиците од прогласувањето некој за избегнувач на регрутација вклучуваат добивање „наредба за забрана за напуштање на земјата и во случај на каква било средба со полицијата, избегнувачот може да биде уапсен.
Во неделата, ИДФ ги испрати првите 1.000 од седум илјади нови повици до машките членови на ултра-ортодоксна заедница.
Војската соопшти дека во моментов има потреба од околу 10.000 нови војници, главно борбени трупи, но може да прими само дополнителни 3.000 ултраортодоксни Евреи, поради нивните дополнителни потреби. ссм/
фото: архива