• сабота, 21 декември 2024

Иван Тони главна трансфер цел на Манчестер јунајтед

Иван Тони главна трансфер цел на Манчестер јунајтед

 

Лондон, 27 март 2024 (МИА) – Напаѓачот на Брентфорд, Иван Тони би можел од следната сезона да го носи дресот на англискиот гигант Манчестер Јунајтед, објави денеска италијанскиот новинар Фабрицио Романо, кој е добар познавач на фудбалскиот трансфер пазар.

Според истиот извор, 28-годишниот англиски репрезентативец ќе биде главна трансфер цел на „црвените ѓаволи“ ова лето.

Напаѓачот е проценет на 50 милиони евра, а за англиската репрезентација дебитираше во 2023 година.

Во ноември 2022 Тони беше обвинет за прекршувања на правилникот за обложување на англиската фудбалска Федерација и му беше изречена суспензија од сите фудбалски активности до 17 јануари 2024 година, откако призна вина за 232 од вкупно 262 случаи за кои се водеше истрага против него.

Оваа сезона Тони досега одигра 10 натпревари и постигна четири голови. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан