• петок, 22 ноември 2024

Ивановска: Да се валоризира оценката во Извештајот на ЕК за натамошнo зајакнување на борбата против корупцијата и судирот на интереси

Ивановска: Да се валоризира оценката во Извештајот на ЕК за натамошнo зајакнување на борбата против корупцијата и судирот на интереси
Скопје, 14 октомври 2022 (МИА) - Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата останува релевантен извор за оценка на состојбите во земјава. Па од тука, оваа оценка треба да се валоризира не само како признание за работата на Државната комисија за спречување на корупција, туку и за натамошна напредување на борбата против корупцијата и судирот на интереси во земјата и можеби клучно преку зголемување на ефикасноста на другите институции кои понатаму треба да постапат кон целосно затворање на предметите, истакна претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска на денешната 75-та седница. - И Европската комисија констатира зголемена ефикасност во работењето на ДКСК, но и зголемен број на кривични пријави за предмети кои се од посебен јавен интерес, а за кои се уште чекаме постапување. Се надевам дека препораките на Европската комисија ќе допрат до сите институции, а процентот на реализација на активностите предвидени во Националната стратегија за борба против корупција, како и процентот на имплементирани препораки значително ќе се зголемат, рече Ивановска. Таа потенцира дека ова е директна потврда за оправданоста на активностите преземени во претходниот период и ажурноста на Комисијата во овој состав која, како што вели, преку својата работа и залагање за правилно разбирање и ДКСК добива директна потврда за своето работење, независност и непристрасноста и за напорите да се задржи и зајакне интегритетот на институцијата и покрај некои обиди на политички партии работата на Комисијата да ја стават во дневно политички контекст. - Во Извештајот е забележано дека ДКСК во континуитет ја исполнува својата правилна одлука обезбедувајќи стратешки политики и насоки за институциите и отворајќи нови случаи за високи функционери. Исто така се бара заклучоците од нејзиното постапување да бидат целосно адресирани до другите надлежни институции. Со цел да се зајакне борбата против корупцијата, во извештајот на Европската комисија се наведени следните препораки: да продолжат заложбите за подобро функционирање особено преку обезбедување на финансиски и човечки ресурси, да се зголеми поддршката на институциите одговорни за спроведување на Националната стратегија за спречување корупција и судир на интереси, како и препораките од ГРЕКО, рече таа. Ивановска истакна дека во извештајот се посочува дека треба да продолжат, но и да се зајакнат заложбите за поддршка на релевантните институции за борба против корупцијата, особено да се зајакнат ресурсите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вклучувајќи и финансиски експерти со цел, како што вели, да се обезбеди ефективно одговорност за случаите кои се висока корупција а со тоа да се зголеми бројот на конечни пресуди за овие случаи вклучувајќи и конфискација на илегалните средства, продолжена конфискација и конфискација од трети лица. Таа потенцира дека неказнивоста е еден од повисоките ризици од корупција кои, како што рече, значително ја намалуваат довербата на граѓаните во институциите, особено во правосудството. Според членот на Комисијата, Владимир Георгиев, и овој извештај ќе биде основа за понатамошното дејствување на институциите, на ДКСК, но и на сите други институции вклучувајќи ги обвинителството, судовите и сите надлежни. Горан Трпеноски, член на Комисијата упати апел до власта и опозицијата дека имаат многу други погодни теми за препукување, а за својата работата Комисијата одговара пред јавноста. - Во последниот Извештај кој што го образложи претседателката, само ДКСК е пофалена и се надевам дека и понатаму нема да не стават како нивен орган или нивна алатка. Ние одговараме пред јавноста, рече Трпеноски. фф/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан