• недела, 22 декември 2024

„ЗЏМ свири Леб и сол" - концерт со биг-бенд изведби на композициите на македонските музички великани

„ЗЏМ свири Леб и сол

Скопје, 15 ноември 2023 (МИА) - Во салата на Национаната опера и балет, на 9 декември ќе биде одржан концертот на ЗЏМ Биг Бендот насловен како „ЗЏМ свири Леб и сол“.

Како што најавуваат организаторите, на целовечерниот концерт ќе бидат изведени дел од композициите на легендарните „Леб и сол“, со аранжмани адаптирани за биг бенд изведба, под диригентската палка на Џијан Емин.

„Леб и сол“ е бенд чија работа претставува фундаментален и незаменлив дел од македонската музичка историја. Овој музички состав настанува на 01.01.1976 по што следи долгогодишно испишување на една од најимпресивните музички кариери на овие балкански простори и, со сигурност, најдоминантната во македонската музичка историја.

Бендот го претставуваат Влатко Стефановски, Бодан Арсовски, Кокан Димушевски и Гарабет Тавитијан, иако во текот на годините во оваа група членувале и други значителни музички имиња меѓу кои и  Димитар Чочоровски-Чочор, Драгиша Солдатовиќ-Лабиш, Миодраг Петковски-Мики, Драгољуб Ѓуричиќ, Кирил Џајковски, Валентино Скендеровски, Димитар Божиков, Срѓан Дункиќ, Гоце Стевковски и  Михаил Парушев.

Билетите може да се набават online на https://mktickets.mk/ љм/са/

Фото: ЗЏМ

Остани поврзан