• недела, 22 декември 2024

„ЗЏМ свири Леб и сол“ во Националната опера и балет

„ЗЏМ свири Леб и сол“ во Националната опера и балет

Скопје, 9 декември 2023 (МИА) - Биг Бендот на Здружение на џез музичари и слободни уметници (ЗЏМ) во салата на Националата опера и балет вечер од 20 часот ќе одржи концерт насловен „ЗЏМ свири Леб и сол“.

Како што информираат од ЗЏМ, на целовечерниот концерт ќе бидат изведени дел од композициите на легендарните „Леб и сол“, со аранжмани адаптирани за биг бенд изведба, под диригентската палка на Џијан Емин.

Според нив, „Леб и сол“ е бенд чија работа претставува фундаментален и незаменлив дел од македонската музичка историја кој придонел за развивање на уникатниот звук и негувањето на вистинските музички вредности. ар/дма/

Фото: Плакат

Остани поврзан