• понеделник, 23 декември 2024

ЗОИ: Норвежанецот Грабак го освои златото во нордиска комбинација

ЗОИ: Норвежанецот Грабак го освои златото во нордиска комбинација
Пекинг, 15 февруари 2022 (МИА) - Норвежанецот Јорген Грабак го освои златото во нордиска комбинација на Олимписките игри во Пекинг. Второто место го зазеде неговиот сонародник Јенс Лураас Ефтебро. Јапонецот Акито Ватабе ја комплетира првата тројка. Триесетгодишниот Грабак стана трикратен олимписки шампион. На Игрите во Сочи во 2014 година, тој освои два златни медали, а има сребро од Пјонгчанг 2018 и сребро од тековната Олимпијада во Пекинг. Норвешка со 12 златни медали е убедливо на првото место во поредокот на земјите освојувачи на одличја на ЗОИ 2022. зс/

Остани поврзан