• петок, 17 мај 2024

ЗНАМ одржа основачко собрание, за претседател избран Максим Димитриевски

ЗНАМ одржа основачко собрание, за претседател избран Максим Димитриевски

Скопје, 9 ноември 2023 (МИА) - Политичката партија Движење ЗНАМ - За Наша Македонија денеска во Куманово одржа основачко собрание. 

На собранието, како што соопшти партијата, присуствуваа поддржувачи од целата држава. За претседател е избран Максим Димитриевски, а за дел од работното Претседателство се именувани Катерина Тодороска и Емил Јанески.

Димитриевски е избран на предлог на Жанета Делова, претседателка на Здружението „Тиквешка заедница за напредок и просперитет".

За членови на Извршниот одбор се назначени генерал Павле Арсоски, Жанета Делова и Игор Филков, за членови на Надзорниот одбор Ристо Николовски од Прилеп, Марјан Петковски од Куманово и Урош Милошевски од Скопје.

Мотото на партијата е „Македонија се буди! Време е за промени!“. мч/аа/

фото: ЗНАМ

 

Остани поврзан