• вторник, 24 декември 2024

Знамето на Шведска кренато пред седиштето на НАТО

Знамето на Шведска кренато пред седиштето на НАТО

Брисел, 11 март 2024 (МИА) - Со интонирање на националната химна на Шведска денеска пред седиштето на НАТО во Брисел беше кренато шведското знаме, а церемонијата следеше по заедничката прес-конференција на шведскиот премиер Улф Кристерсон и генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

-Шведска се врати дома, рече Кристерсон, пренесе шведскиот јавен сервис SVT.

Шведска поднесе барање за членство во НАТО во мај 2022 година, а нејзиниот влез во Алијансата беше блокиран од Унгарија поради критиките на Стокхолм за владеењето на правото во земјата.

Унгарскиот парламент на крајот на февруари го ратификуваше шведското барање за членство во НАТО, а на 5 март законот беше потпишан од унгарскиот претседател.

Пред тоа, Кристерсон ја посети Будимпешта кога беше потпишан договор за купување на четири шведски ловци од Унгарија.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан