• понеделник, 10 март 2025

ЗКРСМ и УЈП ќе формираат работна група за подобрување на деловната средина за занаетчиите

ЗКРСМ и УЈП ќе формираат работна група за подобрување на деловната средина за занаетчиите

Куманово, 7 март 2025 (МИА) - Занаетчиската комора и Управата за јавни приходи ќе формираат заедничка работна група со цел подобрување на деловната средина и создавање одржливи решенија за занаетчиите, информираа денеска од ЗКРСМ по денешната работна средба со надлежните од УЈП во дирекцијата во Скопје. На средбата како што информираа од ЗКРСМ биле беа разгледани тековните предизвици со кои се соочуваат занаетчиите, како и конкретни предлози за подобрување на состојбата во секторот.

Од ЗКРСМ ги истакнале клучните барања до надлежните институции, меѓу кои, прекинување на одлуката за фискализација на занаетчиите, бидејќи, според занаетчиите таа наметнува дополнителни финансиски трошоци и административни обврски што ја загрозуваат одржливоста на малиот занаетчиски бизнис.

- Запирање на решенијата за новите даночни обврски во рок од 30 дена, или до добивање одговор од надлежните институции по поднесените жалби до УЈП, Министерството за финансии и Владата на РСМ. Враќање на данокот на персонален доход на претходното ниво, за да се овозможи одржување на занаетчиската дејност без ризик од масовно затворање на работилниците. Ревизија на критериумите за фискализација, со што ќе се земат предвид специфичните карактеристики на занаетчиството и нивото на приходи што ги остваруваат малите бизниси. Ослободување од нови даночни давачки за сите занаетчии што работат во рамки на грантови или се самовработени, со цел поттикнување на претприемништвото. Зголемена контрола од УЈП врз нерегистрираните работодавачи и борба против сивата економија, наместо дополнителен притисок врз легално регистрираните занаетчии, изјави Јелена Спасова, извршен директор на Занаетчиската комора.

На средбата се разговарало и за формирање заедничка работна група меѓу УЈП и Републичката занаетчиска комора, со цел подобрување на деловната средина и создавање одржливи решенија за занаетчиите.

- Занаетчиството е еден од темелите на нашата економија, но за негов развој и опстанок се неопходни соодветни мерки и поддршка од институциите. Денешниот состанок беше важен чекор кон јакнење на дијалогот и преземање конкретни активности за подобрување на условите за занаетчиите. Продолжуваме со нашата заложба за заштита и развој на занаетчиството во Северна Македонија“, изјави Јелена Спасова. ам/

Фото: ЗКРСМ

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан