Зиех најдобар играч на сезоната во Ајакс трета година по ред
- Играчот од средниот ред на Ајакс, Хаким Зиех е прогласен за најдобар играч во клубот во сезоната 2019/20. Холандското првенство беше прекинато поради пандемијата на коронавирус.

Амстердам, 15 мај 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на Ајакс, Хаким Зиех е прогласен за најдобар играч во клубот во сезоната 2019/20. Холандското првенство беше прекинато поради пандемијата на коронавирус.
Зиех во шампионат 2019/20 постигна шест гола на 21 натпревар.
Наградата се доделува од 1993 година. Дваесет и седумгодишниот Мароканец е првиот фудбалер на клубот од Амстердам кој досега ја освоил наградата трипати по ред.
Две последователни години, наградата им беше доделена на Луис Суарез (2009 и 2010) и Јаспер Силесен (2015 и 2016 година). зс/