• сабота, 06 јули 2024

Зиелински договори четиригодишна соработка со Интер

Зиелински договори четиригодишна соработка со Интер

Милано, 3 февруари 2024 (МИА) – Во италијанските медиуми објавени се деталите од договорот меѓу фудбалерот од средниот ред на Наполи, Пјотр Зиелински и Интер.

Полскиот фудбалер по завршување на тековната сезона ќе се пресели во Интер од Наполи како слободен играч.

Според „La Gazzetta dello Sport“, 29-годишниот Зиелински ќе потпише 4-годишен договор со миланскиот клуб со плата од 4,5 милиони евра по оданочување. Уште 500 илјади евра се предвидени како бонуси.

Зиелински оваа сезона одигра 26 натпревари за „наполитанците“ постигна три гола и беше творец на три асистенции.

Наполи по 21 коло се наоѓа на 9. место во Серија А со освоени 32 бода и е далеку зад лидерот кој има собрано 54 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан