• среда, 24 април 2024

Зидан нема да го преземе ПСЖ

Зидан нема да го преземе ПСЖ

Париз, 29 мај 2022 (МИА) - Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, нема да ја преземе тренерската функција во Пари Сен-Жермен. 

Како што објави „Telefoot“, 49-годишниот Французин не бил убеден во проектот на парискиот клуб.  

Забележано е дека во конечниот скратен список на кандидати за предводник на ПСЖ се најдоа четворица тренери: Рубен Аморим од Лисабон Спортинг, Кристоф Галтие од Ница, Серхио Консеисао од Порто и Тиаго Мота од Специја.  

Во исто време, главниот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино, чиј договор е до 30 јуни 2023 година, сака да остане во клубот.  

ПСЖ минатата сезона ја освои Лига 1 со 86 бода од 38 натпревари. зс/

Остани поврзан