• вторник, 05 ноември 2024

Зечевиќ на средба со ИФЕС: СДСМ ја има клучната улога во демократизација и европеизација на државата

Зечевиќ на средба со ИФЕС: СДСМ ја има клучната улога во демократизација и европеизација на државата

Скопје, 4 април 2023Генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски заедно со потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев денеска се сретна со Јоана Косма директорка на ИФЕС Фондацијата.На средбата се зборуваше за повеќе актуелни општествено политички теми, како и за процесот на евроинтеграција на Македонија.Генералниот секретар Зечевиќ се заблагодари за досегашната поддршка што ИФЕС ја дава на СДСМ, особено во делот на зајакнување на капацитетите и поголем степен на транспарентност и инклузивност на партијата.„Поддршката што ние како СДСМ од вас ја добиваме е постојана, конкретна и дава одлични резултати. СДСМ денес е најголемата, најпрогресивната и најотворената партија во државата, а демократизацијата на нашата партија, придонесе и за демократизација на целото наше општество. Пред нас е процес на европеизацијата на државата, а предводник како и во многу други успеси, повторно има СДСМ. Секако за сите овие процеси, важна улога има и соработката со докажаните и успешни меѓународни организации каква што е и ИФЕС“ порача Зечевиќ.На средбата заеднички беше заклучено дека соработката во претстојниот период дополнително ќе се интензивира, преку градење на капацитетите во партијата, особено во делот на партиските комисии, Младината и работата на Центарот за истражување и анализи на СДСМ.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

 

Фото:МИА

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан