• понеделник, 23 декември 2024

Зендели го поздравува формирањето на ново движење на Меџити и смета дека тоа е добро за опозицијата

Зендели го поздравува формирањето на ново движење на Меџити и смета дека тоа е добро за опозицијата

Скопје, 18 јули 2023 (МИА) - Пратеникот на БЕСА Фадил Зендели смета дека формирањето на ново политичко движење најавено од Изет Меџити е „добра вест за политичкиот плурализам и за албанската опозиција која во Собранието го сочинуваат движењето БЕСА и Алтернатива“.

Според него, се гледа дека парламентарното мнозинство има проблем и дека тој проблем веќе продолжува еден период.

-Таа „крпаница“ настана со влегувањето на Алијанса на Албанците во власта. Се гледа дека проблемите не се решаваат зошто некогаш проблемите се покруцијални, посуштински. И колку и да направиш крпаница со влегување на други политички партии или пратениците во власта, проблемот нема да го решаваш. Се гледа дека овој проблем не се решава во мнозинството. Тоа е добра вест за политичкиот плурализам, добра вест за албанската опозиција која тука во Собранието значи го сочинуваат движењето БЕСА и Алтернатива. И секако дека и оваа група и пратениците кои ја поддржуваат оваа група би била многу значајно, не само во Собранието да се дигне гласот на албанските пратеници, опозиционери, туку едноставно и во нашето општество за наредните, без разлика дали ќе бидат предвремени или ќе бидат редовни избори, рече Зендели. 

Одговарајќи на прашање за можна соработка со новото движење, Зендели рече дека движењето БЕСА уште од претходно работи на овој проект.

-Ние веќе направивме соработка со Алтернатива, известени сте пред два месеца. Значи веќе е формализирано соработката со Алтернатива и секако вклучувањето на ова движење. Оваа соработка ќе биде значајна затоа што е тоа едно окрупнување на албанската опозиција. Велам не само како пратеници зошто некогаш тоа не е најважно како влијание, како движење, како еден блок опозициски кој би имал големо влијание и големо значење во политичкиот живот посебно кај Албанците во Македонија, рече пратеникот на БЕСА. 

За поддршка на уставните измени кажа дека тие константно се држат до ставот дека тие немаат ништо против вметнување на бугарската заедница во Уставот.

-Сметаме дека нашиот Устав има таков простор, но ќе инсистираме, значи до крај ќе инсистираме, и цензусот 20 отсто што е за албанскиот јазик во нашиот Устав, ако се отвораат овие уставни промени, значи тој цензус 20 отсто да се симне и да не се нарекуваме јазик на 20 отсто, туку да се нарекува така како што е јазикот, албанскиот јазик, рече Зендели.

Најави дека тие, како што рече, силно ќе инсистираат на ова прашање. ев/лв/

ФОТО: МИА 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан