• четврток, 21 ноември 2024

Земјотрес со јачина од 6,8 степени го потресе Мексико, почувствуван и во главниот град

Земјотрес со јачина од 6,8 степени го потресе Мексико, почувствуван и во главниот град
Мексико Сити, 19 септември 2022 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе Мексико, на истиот ден кога два силни земјотреси ја погодија земјата во 1985 и 2017 година. Националниот институт за сеизмологија соопшти дека епицентарот на потресот што е почувствуван и во престолнината бил во западно Мексико во државата Мичоакан. „Искрено се надеваме дека ништо сериозно не се случило“, напиша на Твитер мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор. аб/дма/

Остани поврзан