Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер го погоди индонезискиот остров Сулавеси
- Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала го погоди индонезискиот остров Сулавеси, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика на Индонезија.
Џакарта, 3 мај 2025 (МИА) - Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала го погоди индонезискиот остров Сулавеси, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика на Индонезија.
Од Агенцијата нагласија дека нема опасност од цунами.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, и се случил на длабочина од 109 километри. рп/
Фото: МИА архива