Земјотрес со јачина од 5,5 степени спорд Рихтер ја погоди Индонезија
- Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди островот Сулавеси во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Џакарта, 14 март 2025 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди островот Сулавеси во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил во 11:13 часот на длабочина од 33 километри.
Епицентарот на земјотресот бил на речиси 400 километри североисточно од градот Самаринда и 224 километри од градот Палу. рп/
Фото: МИА архива