Земјотрес со јачина од 4,8 степени на Света Гора
- Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтер беше регистриран кусо по 18 часот на Света Гора со епицентар на 12 километри северозападно од Кареја, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 15 февруари 2025 (МИА) – Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтер беше регистриран кусо по 18 часот на Света Гора со епицентар на 12 километри северозападно од Кареја, јави дописничката на МИА од Атина.
Земјотресот на третиот крак на Халкидики бил почувствуван и во Солун и градови од северна Грција, а засега нема информации за материјална штета. ср/