• недела, 22 декември 2024

Земјотрес со јачина од 4,6 степени во турската провинција Кахраманмараш

Земјотрес со јачина од 4,6 степени во турската провинција Кахраманмараш

Кахраманмараш, 5 мај 2023 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 4,6 степени е регистриран денеска во југоисточната турска провинција Кахраманмараш, која беше епицентарот на разорните земјотреси на 6 февруари.

Според владината Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), земјотресот е регистриран во 17 часот и 52 минути, епицентарот бил во градот Ѓоксун, а неговата длабочина била 7,55 километри.

Засега нема информации за причинета штета или за повредени лица.

Според официјалните податоци, бројот на жртвите во разорните земјотреси во земјата на 6 февруари е повеќе од 50 илјади, а повредените се околу 115 илјади. рп/

 

Остани поврзан